Проекти: Се решаваат прблемите на граѓаните

24.09.2015 16:57

Градежен шут и дрвени трупци се вадат од Треска – чистењето на речното корито треба да стави крај на излевањето на водата која ги поплавуваше земјоделските посеви. Тамошните жители велат дека со години трпеле штети...

Се чисти речното корито на Треска откако жителите се пожалија дека сметот ја истиснува водата и им се поплавуваат земјоделските посеви. Градежен шут и трупци од дрва вадат багерите од дното на реката.

Во Шишево паралелено се санира и патот.  Завршено е асвалтирањето на улиците во Батинци.

Се работи на водоводот во село Количани. Истиот проблем ќе се решава и во Долно Лисиче.

Општината Студеничани треба да подготви  проектна документација и да аплицира за средства од министерството за транспорт и врски за  изградба на водоводна мрежа.

 

Наташа Гркова- Петрушевска