НБА Лига

Антиќ 11 поени, пораз на Атланта

17.01.2014 13:14

Нашиот интернационалец се врати на местото на најголемиот успех во клупската кариера, но неговата нова екипа претрпе пораз од Бруклин (127:110), во еден од европските НБА натпревари во тековната сезона. Во натпревар со многу поени, најмногу од сите три одиграни во рамките на натпреварувачкиот ден, Перо Антиќ за 23 минути како стартер во дресот на Хоукс постигна 11 поени, со 5 скока и со по една асистенција и украдена топка.
 
Нашиот интернационалец се врати на местото на најголемиот успех во клупската кариера, но неговата нова екипа претрпе пораз од Бруклин (127:110), во еден од европските НБА натпревари во тековната сезона. Во натпревар со многу поени, најмногу од сите три одиграни во рамките на натпреварувачкиот ден, Перо Антиќ за 23 минути како стартер во дресот на Хоукс постигна 11 поени, со 5 скока и со по една асистенција и украдена топка.
 
Првиот Македонец во НБА лигата, се врати на паркетот по пауза од еден натпревар поради болки во грбот, најверојатно предизвикани од силниот ритам што го наметнува кошарката преку океанот. За одбележување е неговиот високи процент на реализација на овој меч, со вкупен шут 4/5, 1/2 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања.
 
Во вториот пораз по двете претходни победи во серија, Антиќ беше еден од петте кошаркари на Атланта што постигнаа двоцифрен број поени, зад Скот и Мек кои што имаа по 17 од клупата, односно стартерите Тиг со 16 и Милсап со 13. Џо Џонсон беше најдобриот стрелец на Нетс со 29 поени од кои 26 во првото полувреме, а зад него на листата се најдоа уште четворица со двоцифрен учинок. Блаче реализира 20 со 14 скокови, Пирс имаше 18 поени, Андерсон 15 и Гарнет 12. Снајперот на Атланта, Кајл Корвер ја продолжи рекордната серија со најмалку една постигната тројка по натпревар, на 108 одиграни дуели.
 
Во оваа иста сала (О2 Арена), минатата сезона Перо Антиќ ја одбрани европската титула со Олимпијакос и го потвори реткото достигнување во Евролигата, што последен пат претходно им успеа на кошаркарите на Макаби во 2005-та, односно на Југопластика во 1990-та. Ова беше трета победа за Бруклин Нетс, односно Њу Џерси Нетс, во третиот одигран натпревар во Лондон.
 
На другите два натпревара, одиграни синоќа, славеа Пејсерс и Тандер.
 
Индијана го совлада Њујорк со 117:89, со што гостинската екипа го претрпе вториот пораз едно по друго, по 5 извојувани победи во низа. Куриозитетно, најдобри во трите основни статистички показатели беа кошаркарите на поразената екипа. Кармело Ентони имаше 28 поени, Тајсон Чендлер 9 скокови и Рејмонд Фелтон 5 асистенции.
 
Оклахома се радуваше во Хјустон, со 104:92. Рокетс постигнаа 73 поени од кои 12 тројки во првото полувреме, но во второто реализираа само 19 поени, што  најголемиот диспаритет на постигнати поени во две полувремиња на еден натпревар, во историјата на НБА лигата.
 
Рокетс не постигнаа ниту една тројка во вториот дел, а скромните 19 поени се воедно и најмалиот учинок на франшизата во едно полувреме. Кевин Дјурант постигна вкупно 36 поени, Реџи Џексон додаде 26 кај победникот, а на спротивната страна се издвоија Џејмс Харден и Теренс Џонс, со по 16 поени.