Невреме во Скопје, врнежи и во текот на ноќта

24.09.2015 17:32

Нестабилното време и влажната воздушна маса од Медитеранот ќе ја зафатат цела Македонија, најавија од УХМР...

Невреме со поројни врнежи од дожд, град, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје.

Нестабилното време и влажната воздушна маса од Медитеранот ќе ја зафатат цела Македонија, најавија од УХМР.

Во текот на ноќта се очекува процесите да бидат поинтензивни локално, со врнежи од над 25 литри на метар квадратен.

УХМР за наредните денови најавува променливо облачно време со посвежи утра и дневни температури во интервал од 18 до 26 степени.