Домашното производство на свинско месо обезбедува само половина од потребите
Потрошувачката на свинско месо во нашава земја е 10 килограми по жител, и е најниска потрошувачка во европските земји. Домашните фарми ги задоволуваат потребите за свежо месо, но месната индустрија суровината мора да ја увезува...

Домашното производство на свинско месо ги обезбедува само половина од потребите на пазарот кои изнесуваат 40.000 тони.Поголем дел од сежото месо доаѓа од фармите, а месната индустрија за своите потреби увезува замрзнато свинско месо.
Увоз на свинското месо за преработка чини од 23 до 26 милиони евра годишно.
Со задоволување на стандардите за рускиот пазар каде што извезувавме само овошје и зеленчук, за месната индустрија се отвора нова можност. Тоа ќе значи поголемо производство, нови работни места и развој на сточарството во Македонија.
Методија Трајков
