Денес врнежливо и облачно, викендов променливо време
25.09.2015 09:59
Според прогнозите се очекува облачно време со умерен до повремено пороен дожд особено попладне...

Времето во текот на денов ќе биде врнежливо и облачно, а викендов променливо со температури до 26 степени.
Според прогнозите се очекува облачно време со умерен до повремено пороен дожд особено попладне. Услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата. Ќе дува умерен до повремено засилен претежно југоисточен ветер.
Во наредните денови следува период променливо облачно време, утрата ќе бидат свежи, а дневните температури ќе се движат во интервал од 18 до 26 степени.
