Делев: Преземаме мерки за проблемот со македонските камионџии

25.09.2015 11:14

Заменик министерот за економија, Кристијан Делев информира дека ЦЕФТА и сите релевантни институции во Брисел се запознаени со проблемот на македонските камионџии...

Македонското МНР испрати нота и писмо до официјален Загреб поради блокирањето на македонските камиони на Српско- хрватската граница. Заменик министерот за економија, Кристијан Делев информира дека ЦЕФТА и сите релевантни институции во Брисел се запознаени со проблемот на македонските камионџии.

„Овде не е само Србија која ги трпи последиците, туку сите ние од овој дел на Балканот кои што транзитираме преку Хрватска. Така што, сите институции во Брисел се исконтактирани, исконтактирана е и ЦЕФТА, чекаме на хрватска страна, овие мерки, овие санкции да ги тргнат. Доколку тоа не се случи до вторник, ќе биде закажан и состанок на ЦЕФТА каде што ќе бидат преземени и други соодветни мерки“, изјави заменик- министерот за економија, Кристијан Делев.

Заменик министерот изрази надеж дека хрватските власти ќе најдат соодветно решение и нема да ја применуваат оваа мерка во иднина.