И натаму беснеат пожари низ Австралија
17.01.2014 13:21
Големи пожари во јужниот дел на Австралија. Едно лице го загуби животот во близина на Мелбурн. Пожарникарите се борат со огнената стихија, но високата температура која го надминува 40 Целзиусов степен, ја отежнува работата. Три момчиња се уапсени под сомнение дека додека кампувале го предизвикале пожарот во близина на Лос Анџелес. Издадено е предупредување за внимателно возење, а во гаснењето на пожарот, кој е опасност за градот, се вклучени 700 пожарникари и хеликоптери.

Поранешниот шеф на италијанската дипломатија Франко Фратини најверојатно ќе биде новиот шеф на НАТО, објавува виенскиот „Пресе“. Фратини подолг период е заинтерeсиран за оваа позиција, се вели во текстот. Меѓу посериозните кандидати се министерот за одбрана на Белгија Питер Де Крем и полскиот шеф на дипломатијата Радек Сикорски.
Тајланд
Најмалку 28 лица се повредени при експлозија на бомба во Бангкок. Експлозијата била фрлена меѓу демонстрантите од камион во движење. Демонстрациите коишто протестираат и кампуваат по улиците два месеца, бараат оставка на премиерката Шинаватра. Експлозија и пред домот на гувернерот на Бангкок. Нема повредени, причинета е само материјана штета.
Германија
70 насто од Германците ја прифаќаат еутаназијата како активна помош во случај на тешки болести, се вели во анкетата на Институтот за јавно мислење Форс. Во Бундестагот наскоро се очекува дискусија на оваа дема. Во ЕУ еутаназијата е дозволена во Белгија, Холандија и во Луксембург.
Марија Петковска