Состанок Путин – Обама во понеделник во Њујорк
Претседателот Обама, пак, ќе го искористи состанокот за да разговара на тема Украина и на тоа Москва да ги исполни своите обврски од договорот од Минск, што ќе биде и главната порака на билатералниот состанок...

Кремљ вчера соопшти дека претседателот на Русија, Владимир Путин в понеделник ќе одржи средба со американскиот колега Барак Обама во Њујорк каде што обајцата ќе одржат говор на годишното Генерално собрание на Обединетите Нации.
Понатаму во соопштението на Кремљ се вели и дека Путин истиот ден планира и средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Претседателот Обама, пак, ќе го искористи состанокот за да разговара на тема Украина и на тоа Москва да ги исполни своите обврски од договорот од Минск, што ќе биде и главната порака на билатералниот состанок.
Планирано е Путин годинава да има обраќање пред Генералното собрание за првпат по десет години.
