Македонец почина во затворот во Детроит
Минатата година направил сообраќаен прекршок поради што требал да плати глоба од 750 долари, но бидејќи немал пари, судот му изрекол казна затвор од еден месец...

Македонецот Давид Стојчевски почина во затворот во Детроит откако за 17 дена од затварањето ослабел 25 килограми.
Минатата година направил сообраќаен прекршок поради што требал да плати глоба од 750 долари, но бидејќи немал пари, судот му изрекол казна затвор од еден месец.
32- годишниот Стојчевски бил зависник од метадон и бил пренесен во специјална затворска ќелија, во која според правилата бил сосема гол поради опасност од самоубиство.
Семејството Стојчевски, македонски иселеници, поднесе тужба против државата за неговата смрт. Тие тврдат дека затворските службеници не реагирале соодветно и нивниот син не ги добивал неопходните лекови иако му биле препишани.
Анита Димитријевска
