Обвинителство: На Хаџиски да му се суди одново

25.09.2015 12:07

Откако обвинетиот достави барање за повторување на постапката, јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство...

Обвинителството се согласи на обвинетиот Миле Хаџиски да му се суди одново. Откако обвинетиот достави барање за повторување на постапката, јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство. Поради страв од можно бегство, обвинителството побара од судот да ја продолжи мерката притвор.

По две и пол години постапка за екстрадиција, Хаџиски беше испрачан во Македонија на 22 август годинава. Во отуство беше осуден на 20 години затвор за убиството на Мери Јошевска во 1993 година.

 

Анита Димитријевска