Расчистен е одронот во Шипковица

25.09.2015 13:38

Десеттина метри должина и околу шест метри висина од потпорен ѕид се урна и го прекина сообраќајот од Шипковица кон потшарпланинските села...

Расчистен е одронот во Шипковица што го прекина сообраќајот кон селата Бродец, Бозовце и Вешала, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Десеттина метри должина и околу шест метри висина од потпорен ѕид се урна и го прекина сообраќајот од Шипковица кон потшарпланинските села.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово до уривањето на делот од ѕидот, долг околу дваесеттина метри, дошло изминатата ноќ нешто по еден часот по полноќ. За среќа нема повредени лица, ниту оштетени возила.

Веднаш биле алармирани надлежните институции од тетовската општина, кои треба да го отстранат одронот што го попречува сообраќајот.