Вицепремиерот Ставрески во посета на струмичкиот регион
25.09.2015 11:40
Предвидено е тој да ги посети компаниите „Паралидови“ ДООЕЛ и „Мајстор Компани“ во село Босилово во истоимиената општина...

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе го посети струмичкиот регион.
Предвидено е тој да ги посети компаниите „Паралидови“ ДООЕЛ и „Мајстор Компани“ во село Босилово во истоимиената општина.
Тој ќе присуствува и на пуштањето во употреба на реконструиран Културен дом во Босилово и на две улици во селата Радово и Дрвош.
