Библиско невреме на островот Скопелос

25.09.2015 13:43

Повеќе сообраќајници се уништени, возилата се превртени од силата на природата, но засега нема информации за повредени...

Невреме проследено со бура, ветришта над 100 километри на час, исклучување на енергијата и силен пороен дожд предизвика хаос на островот Скопелос во близина на крајбрежниот град Волос, централна Грција.

Повеќе сообраќајници се уништени, возилата се превртени од силата на природата, но засега нема информации за повредени.

Министерството за одбрана испратило тим за проценка на свлечишта на островот кој е дестинација за одмор на туристите од целиот свет.

На него е снимен и филмот „Мама Миа“ за шведската група АБА во 2008-та.