Куала Лумпур: Загриженост поради најава за терористички напади
25.09.2015 13:48
Малезиската полиција не го коментираше соопштението од Американската амбасада, но локалните медиуми од пред два дена објавуваат информации за видно зголемено присуство на полиција...

Американската амбасада во Куала Лумпур издаде предупредување до своите државјани што претстојуваат во Малезија да избегнуваат движење по улиците познати како туристички рути и престој на јавни места каде што се собираат повеќе луѓе поради сознанија за можни терористички напади.
Малезиската полиција не го коментираше соопштението од Американската амбасада, но локалните медиуми од пред два дена објавуваат информации за видно зголемено присуство на полиција, особено на местата каде што има поголеми групи странски туристи.
