Пракса за 700 невработени во приватниот сектор
По истекот на тримесечниот договор, работавачите немаат обврска да ги задржат, но ако ги вработат, може да ги искористат бенефициите од мерката за вработување на млади до 29 години. Ова е втор ваков конкурс...

700 млади ќе имаат шанса да отпочнат пракса во приватни компании, а за нивниот ангажман сопствениците ќе добиваат месечно по 6.200 денари помош од државата. По истекот на тримесечниот договор, работавачите немаат обврска да ги задржат, но ако ги вработат, може да ги искористат бенефициите од мерката за вработување на млади до 29 години. Ова е втор ваков конкурс.
„Во првиот јавен повик учествувале 640 пратиканти. Вкупниот буџет за годинава е 18 милиони 696 илјади денари. Продолжуваме со реализација на оваа мерка и ја планираме со поголем опфат во 2016-та година“, изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Исто така, и самите компании можат да го плаќаат надоместокот од 6200 денари ако ангажираат практиканти, но мора да го исполнат основниот услов.
„Договорот треба да биде евидентиран во Агенцијата за вработување и податокот да биде внесен во досието на практикантот. Едно лице може да биде практикант само три месеци“, изјави директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
Првиот конкурс покажа процент на успешност од 65 насто или ангажман на 2210 невработени.
Анита Димитријевска
