За 24 часа издадени над 2 илјади потврди за азил

25.09.2015 13:03

Вкупниот број на бегалците од 19 јуни годинава кога настапија измените на Законот за азил е околу 97 илјади од кои две третини се од машки пол и од Сирија...

Во Македонија во изминатово деноноќие влегле малку повеќе од 2 илјади мигранти, информираат службите на Министерството за внатрешни работи. Вкупниот број на бегалците од 19 јуни годинава кога настапија измените на Законот за азил е околу 97 илјади од кои две третини се од машки пол и од Сирија.

Австрија врати 5 илјади бегалци во Словенија и во Хрватска. Мигрантите во Европа се соочуваат со ксенофобија, околу 100 бегалци вчера пристигнаа во Финска со автобуси.

Во местото Лахти, бегалците беа пречекани од месни жители маскирани со качулки на расистичката организација Кју Клукс Клан.