Батровци- Бајаково: Раздвижување на дел од македонските транспортери
Стопанската комора укажува на сериозноста на состојбата со транспортерите и предупредува ако не бидат преземени итни мерки ќе трпат националните економии...

Хрватска реши повремено да пропушта товарни возила со лесно расиплива стока. Камионите кои не превезуваат товар од Хрватска или на кој било начин е поврзана со неа се пропуштаат кон Србија.
Сеуште на границата Батровци- Бајаково има застој за сите возила. Возилата кои имаат ЦЕМТ или транспортни дозволи може да најдат алтернативни патишта и да се вратат или продолжат, информира Биљана Муратовска од најголемата македонска шпедиција.
Стопанската комора укажува на сериозноста на состојбата со транспортерите и предупредува ако не бидат преземени итни мерки ќе трпат националните економии.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој е во посета на компании од струмичкиот регион, очекува да се најде итно решение за проблемот што настана меѓу Хрватска и Србија. За економијата не е добро да се затвораат границите- оценува вицепремиерот.
