Мерки за поголема безбедност во сообраќајот
Во првите осум месеци од годинава имало засилени контроли, а од сообраќај биле исклучени над три илјади и 700 возачи, од кои под дејство на алкохол се санкционирани близу 1.600...

Аларм за надлежните по низата сообраќајни незгоди со смртни последици во Скопје. Во првите осум месеци од годинава имало засилени контроли, а од сообраќај биле исклучени над три илјади и 700 возачи, од кои под дејство на алкохол се санкционирани близу 1.600.
Издадени се над 18.000 покани за глоба, што е за 15 насто повеќе во однос на истиот период лани. Според најавеното, Градот Скопје интензивно работи на подобрување на безбедноста на сообраќајот, се прошируваат булеварите, се градат велосипедски и пешачки патеки.
Предлог законот кој се наоѓа во собраниска постапка со низа решенија е во функција на поголема безбедност и квалитет на сообраќајот- изјавија надлежните.
