Подобра безбедност за рударите

17.01.2014 13:30

Експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, градоначалникот на Македонска Каменица и раководството на рудникот Саса ги утврдија деталите за формирање работна група што ќе предложи мерки за подобрување на безбедноста на рударите. По рестартирањето на рудникот во 2009-та се случија неколку несреќи во кои загинаа 8-мина рудари. По последниот инспекциски надзор од Министерството за труд и социјала, на менаџментот на рудникот и на компанијата им беа изречени казни од 50 илјади евра.