Прва средба Путин- Обама по заладувањето на односите

25.09.2015 15:56

Во интервју за американската телевизија СИ-БИ-ЕС, рускиот претседател изјави дека решението за Сирија е само зајакнување на легитимната влада во Сирија и нејзино поттикнување на дијалог, и да и се даде помош во борбата против тероризмот...

Светските медиуми известија дека рускиот и американскиот претседател, Путин и Обама, во Њујорк ќе се сретнат на маргините на состанокот на Генералното собрание  на Обединетите нации. Според добрите познавачи на американско- руските односи, оваа средба ќе се оставри по заладувањетро на односите меѓу двете земји, особено по    прогасувањето на незвисноста на Крим и украинската криза.

Зголемената воена активност во Сирија, и поддршката на русите на сирскиот претседател Башар Ал Асад, по неполни 5 години војна, ги раздвижи дипломатските  активности на актерите коишто се инволвирани во сирискиот судир. Во визијата за иднината на Сирија, западот за разлика од  русите, претходно цврсто се залагаше да се прговора за мир со сите релеватни политички фактори во Сирија, но без Асад.

За оваа тема, во интервју за американската телевизија СИ-БИ-ЕС, рускиот претседател изјави дека решението за Сирија е само зајакнување на легитимната влада во Сирија и нејзино поттикнување на дијалог, и да и се даде помош во борбата против тероризмот.  

„По мое мислење доколу се постапи во поинаква насока, и да се руши легитимната влада, ќе се создаде состојба која можеше да се види во другите земји или региони, како што беше во Либија каде се срушени државните институции“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.  

Пред два месеци рукиот претседтаел им предложи на земјите од регионот, вклучувајќи ја Турција, Јордан и Саудиска Арабија, да се здружат во борбата против ИСИЛ, истовремено повикувајќи ја меѓународната коалиција предводена од САД да  формирмираат коалиција против џихадиските во Сирија, коишто во поделената земја  во последно време и покрај воздушните напади на САД и Сирија, сепак бележат успеси  особено во подрачјата каде што се стационирани и привзаниците на прозападната сириска опозиција.  

Било какво решение за судирот во Сирја ќе мора да го вклучи и претседателот Асад- е ставот на официјален Берлеин.

И покрај тоа што, САД, Велика Британија и Франција не изразија подготвеност за разговори со Асад, сепак американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, оцени дека и додека Москва продолжува со воено зајакнување на теренот во Сирија, САД и Русија можат да пронајдат поле за соработка околу сириските случувања.

 

Мирјана Василева