Засилени мерки за поголема безбедност во сообраќајот

25.09.2015 16:57

Се вози во пијана состојба, без возачка дозвола, не се почитуваат сообраќајните знаци. На патиштата секојдневно по неколку несреќи. надлежните се мобилизираа- се прошируваат булеварите, се градат велосипедски и пешачки патеки. Предлог законот кој се наоѓа во собраниска постапка треба да ја зголеми безбедноста во сообраќајот...

И покрај низата кампањи за безбеден сообраќај, некои учесници забораваат на правилата и на прописите. Се вози во пијана состојба, без возачка дозвола, а се занемаруваат семафорите и сообраќајните знаци.  На патиштата секојдневно по неколку несреќи. Во Скопје, регистрирани најмногу на удар булеварот „Партизански Одреди“. Надлежните го вклучија алармот- со ефективно спроведување на Законот, превентивните и репресивните мерки до надминување на проблемот. Прошка за никого.

„Иако ни се забележува на ригорозноста ние сепак сме одлучни во нашиот пристап кон подигање на безбедноста на сообраќајот на едно високо ниво - притоа јасно демонстрирајќи дека нема никаква толеранција за алкохолизираните возачи, за неисправните возила по коловозите, за непочитувањето на прецизните сообраќајни правила и прописи“, изјави Митко Чавков – министер за внатрешни работи.

И Градот Скопје со засилени мерки за подобрување на безбедноста на сообраќајот. Се прошируваат булеварите, се прават велосипедски и пешачки патеки. Преку центарот за контрола се регулира сообраќајот. 

„Од голема важност на градот Скопје му е од едната страна да се прошируваат булеварите, а од другата страна да се внимава строго на ранливите категории, а тоа се пешаците и велосипедистите кои што се движат по овие сообраќајници“, вели Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје.

Надлежните институции формираа работни групи, кои треба да ги детектираат црните точки.

„Еден од заклучоците кој што ги донесовме е детектирање на црните точки во главниот град , а се прави таква анализа и за цела територија на Република Македонија и се надевам дека за некој период ќе излеземе со конкретни резултати“, изјави Стојче Стаменковски – пртседартел на РСБСП.

МВР годинава со засилени контроли. Од сообраќај биле исклучени 3.708 возачи од кои под дејство на алкохол санкционирани  1.548-мина. За 1,5 проценти се зголемени сообраќајните незгоди. Во 27 случаи имало загинати, а 144 минале со тешки телесни повреди.

 

Наташа Гркова- Петрушевска