Хрватска ја прекина блокадата на граничните премини

25.09.2015 17:38

„Сите возила, без оглед на регистрација ќе можат да влезат во Република Хрватска, како и камионите“, беше објавено на Твитер профилот на Владата на Хрватска околу 17 часот...

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ, соопшти дека Владата одлучи да ја прекине блокадата на граничните премини Бајаково и Товарник.

„Сите возила, без оглед на регистрација ќе можат да влезат во Република Хрватска, како и камионите“, беше објавено на Твитер профилот на Владата на Хрватска околу 17 часот.

Хрватската влада минатиот петок донесе одлука да го блокира сообраќајот на граничниот премин Бајаково - Батровци, поради бегалската криза и несогласувањата со Србија.

Токму на овој граничен премин веќе неколку дена се наоѓаат околу стотина македонски транспортери.