Откупот на винско грозје во полн ек
28.09.2015 10:03
Откупот на винските сорти на грозје е во пол ек. Просечните цени се на ланското ниво, но родот е двојно поголем...

Годинава грозјето е квалитетно и со висока шеќерност, како резултат на поволните временски услови. Винарските визби очекуваат да произведат квалитетни и врвни вина.
Откупните цени во првата половина на септември се главно на ниво на ланските.
Вранецот и Бургундецот се откупува по 13, Смедеревката по 11, а Шардонето од 14 до 18 денари за килограм или во просек по 15,5 денари.
На зелените пазари цената на трпезното грозје е од 30 до 50, а на големо од 20 до 25 денари.
Методија Трајков
