Министерот Јолевски во посета на САД

28.09.2015 10:15

Ќе учествува на самитот посветен на мировните операции, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк...

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, заедно со воена делегација од Македонија, се во неколкудневна посета на САД. Ќе учествуваат на самитот посветен на мировните операции, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Јолевски ќе оствари средби со повеќе претставници на американскиот Конгрес, пред кои ќе бидат претставени аргументите, зошто Република Македонија заслужува да биде дел од НАТО.