Путин повика на регионална координација во борба против ИД

28.09.2015 10:33

Изјави дека Русија не планира копнена операција во Сирија и дека проблемот може да се реши само со поддршка на сегашните државни структури кои заедно со опозицијата треба да бидат поддржани во борбата против тероризмот...

Рускиот претседател Путин повика на регионална координација во борбата против Исламска Држава. Повторно ја изрази поддршката за сирискиот претседател Асад, пред средбата со американскиот колега Обама. Изјави дека Русија не планира копнена операција во Сирија и дека проблемот може да се реши само со поддршка на сегашните државни структури кои заедно со опозицијата треба да бидат поддржани во борбата против тероризмот.

„Над 2.000 борци од Русија и поранешните советски републики војуваат во Сирија и се закана за нас кога ќе се вратат. Наместо да ги чекаме, подобро да му помогнеме на Асад да се бори против нив на Сириска територија“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Според Путин, акции во друга насока би довеле до уривање на легитимните структури на власта и беззаконие како во Либија.