Во трите натпревари во Евролига – гостинска доминација
Во кошаркарската Евролига, синоќа се одиграа три натпревари од 3 коло во Топ 16 фазата, и во сите три славеа гостите. Во “Е“ групата, Барселона беше поуспешна од Олимпијакос во Пиреја, со 81:72. Шпанците му го нанесоа вториот пораз во серија на европскиот шампион од последните две сезони, кој во првата фаза по групи беше непоразен во десетте настапи. Наваро беше најзаслужен за успехот со 21 поен, а Олесен постигна 14, додека кај домаќините тандемот Спанулис – Принцезис, постигна по 17 поени.
Во кошаркарската Евролига, синоќа се одиграа три натпревари од 3 коло во Топ 16 фазата, и во сите три славеа гостите. Во “Е“ групата, Барселона беше поуспешна од Олимпијакос во Пиреја, со 81:72. Шпанците му го нанесоа вториот пораз во серија на европскиот шампион од последните две сезони, кој во првата фаза по групи беше непоразен во десетте настапи. Наваро беше најзаслужен за успехот со 21 поен, а Олесен постигна 14, додека кај домаќините тандемот Спанулис – Принцезис, постигна по 17 поени. Тоа беше трета победа на Каталонците, и втор пораз на бранителот на круната.
Во “Ф“ групата, екипата на Макаби ја оствари третата победа, со сигурниот настап во Каунас, каде што го совлада Жалгирис со 87:78. Тимската игра на Израелците придонесе петмина нивни кошаркари да впишат двоцифрен број поени, од кои најпрецизен беше Рајс со 20. Кај Литванците не помогнаа ниту Јанкунас и Дентмон, кои постигнаа по 21 поен, по кој Жалгирис го претрпе и третиот пораз.
Во најнеизвесниот дуел, во кој партиципираа екипи кои во првите две кола беа без победа, Локомотив Кубан беше поуспешен од Галатасарај во Истанбул, со 63:62. Решавачка беше тројката на Калниетис на 4 секунди пред крајот, кој натпреварот го заврши со 13 поени, три помалку од Браун. Кај турскиот претставник, Порториканецот Аројо беше најдобар поединец со 19 поени, но на крајот и трагичар на мечот, по неуспешниот обид за победа, во последната секунда.
Вечерва се играат иште 4 натпревари од ова коло. Во “Е“ групата се среќаваат :
Уникаха – Фенербахче Улкер, Емпорио Армани – Лаборал и Панатинаикос – Анадолу Ефес. Во единствениот натпревар од “Ф“ конкуренцијата, Партизан во Белград ја дочекува ЦСКА од Москва.
