Трамп предничи кај Републиканците во трката за номинација за претседателските избори

28.09.2015 10:37

ој во интервју ја објасни својата визија – нула даноци за голем дел од Американците, лекарска грижа за сите и хумана депортација на илегалните емигранти. Сириската криза би ја решил дозволувајќи им на џихадистите да го соборат Асад, а потоа Русија да ги неутрализира екстремистите...

По откажувањето на неколку кандидати, милијардерот Доналд Трамп предничи кај Републиканците во трката за номинација за претседателските избори во САД. Тој во интервју ја објасни својата визија – нула даноци за голем дел од Американците, лекарска грижа за сите и хумана депортација на илегалните емигранти. Сириската криза би ја решил дозволувајќи им на џихадистите да го соборат Асад, а потоа Русија да ги неутрализира екстремистите.

„Да и дозволиме на Исламска Држава да се бори против Асад, а потоа ние ќе средиме се што ќе остане. А не ние да се бориме против ИДИЛ додека Асад си вели – овие се најфините или најглупавите што сум ги сретнал“, рече Доналд Трамп, кандидат за републиканска номинација.

Трамп исто така би и наредил на Кина да ја натера Северна Кореја да го исклучи нуклеарниот реактор и би договорил поповолен Договор за слободна трговија, а медиумите ги нарече – некои од најлошите луѓе што ги сретнал.