Вирозите ги преполнија чекалните во амбулантите
Не е мала бројката и на луѓе што се жалат од вируси. Со пристигањето на есента амбулантите се преполнија. Температура и дијареа се најчестите симптоми...

Вирозите ги преполнија чекалните и на дежурните пунктови. Пациентите се жалат најчесто на гадење, повраќањe, проливи истоштеност и температура.
Симптоматично е за сезонските бактериски и вирусни цревни инфекции, велат лекарите. Поради преминот лето-есен и предусловите за овој вид болести, зголемен е бројот на пациентите кои се жалат на ентеро и гастроентероколитни заболувања. Траат кратко ама се мошне непријатни за пацинетите.
Препораките се придржување до хиегинеско диететски режим што подразбира често миење на рацете бидејќи патот на овие заболувања е фекално орален.
Само во дневникот на дежурниот пунк во „Јане Сандански“ последниве две недели се запишани над 1.000 пацинети што укажува на зголемениот број пациенти со сезонски заболувања.
Ги има од секој возраст ама предничат децата од претшколската возраст. Дел од нив помош побарале во пунктот, други од итната медицинска служба чии екипи излегуваат на терен.
Фиљана Кока
