МВР: Досега издадени 102.753 потврди за азил на странски државјани
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-77.680, потоа Авганистан- 10.231, Ирак- 5.992...

Во последниве 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.515 странски државјани, од кои, 1.554 се од машки пол, 346 се од женски, 370 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 245 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.730, Авганистан –394, Ирак-289, додека другите се во помал број.
Досега издадени се потврди на вкупно 102.753 странски државјани, од кои, 68.085 се од машки пол, 13.888 се од женски, 17.336 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.444 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-77.680, потоа Авганистан- 10.231, Ирак- 5.992, Пакистан- 2.665 Палестина- 1.060, Сомалија- 628, Бангладеж -612, Иран- 575, Конго- 371, Нигерија-221, Камерун- 169, Еритреја- 163, Етиопија- 126, Судан- 111, додека останатите се во помал број.
