Случај „Монструм“: Претставени доказите од посебните истражни мерки
17.01.2014 13:59
Во скопскиот кривичен суд продолжи судскиот процес против обвинетите во случајот Монструм....
Во скопскиот кривичен суд продолжи судскиот процес против обвинетите во случајот Монструм. Со одлука на судот, јавноста е исклучена бидејќи на обвинетите и на нивните бранители одново ќе им се презентираат доказите обезбедени со посебни истражни мерки, во случајов транскрипти и видео снимки од нивната меѓусебна коресподенција. Откако полицијата го уапси Сами Љута, процесот почна отпочеток. Двајцата директни извршители Алил Демири и Африм Исмаиловиќ издржуваат затворска казна во Косово за нелегално поседување оружје. Министерството за правда почна постапка за нивна екстрадиција, но нивната испорака во земјава е неизвесна, затоа што двајцата обвинети се повикаа на косовското државјанство кое го имаат.
Анита Димитријевска
