Пензионерите задоволни од повисоките пензии
Со последното покачување на пензиите, според претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски, просечната пензија во Македонија е зголемена за 73,3 проценти во споредба со 2006 година и изнесува 13.085 денари или околу 212 евра...

Се зголемува и просечната пензија во Македонија. Од досегашните 202, на 213 евра. Пензионерите задоволни од новото покачување. Со септемвриските примања, 621 денар повеќе на сметка.
Со последното покачување на пензиите, според претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски, просечната пензија во Македонија е зголемена за 73,3 проценти во споредба со 2006 година и изнесува 13.085 денари или околу 212 евра.
Тоа, изјави Аргировски, значи дека Македонија има највисока просечна пензија во регионот. Во Србија, информира тој, таа изнесува 190 евра, во Бугарија 170, во Албанија 150, во Косово околу 120 евра, а во Грција постојано се намалуваат.
