Одбележан меѓународниот ден за слободен пристап до информации
Според податоците, граѓаните најмногу ги интересираат информации за имотно-правните односи...

Под мотото „Имам право да знам“ е одбележан Меѓународниот ден за заштита на правата на слободниот пристап до информации од јавен карактер, во соработка со мисијата на ОБСЕ.
Ако во 2006 година имало само 513 барања, во 2014 година 4.451 барање, во 2015 имаме над пет илјади барања до институциите. Соодветно на тоа се зголемува и бројката на жалбените постапки односно Комисијата годинава има постапувано по околу 860 жалби, од кои што по 797 има донесено соодветни решенија односно заклучоци, додека 64 се во постапка на решавање, изјави претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Пеце Ташевски.
Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Сумолаинен, потенцира дека пристапот до информации е клучниот момент за демократијата, а граѓаните, подвлече, имаат право да ги добиваат сите информации кои се однесуваат на одлуките кои институциите ги носат.
Според податоците, граѓаните најмногу ги интересираат информации за имотно-правните односи, додека кај невладиниот сектор во зависност од нивните проекти и сфера.
