ФЗОМ отвора кол центар за директна комуникација со осигуреницитие кои имаат хронични болести
28.09.2015 14:26
Ќе ги потсетуваат овие болни за сите потребни прегледи кои треба да ги извршат во текот на годината...

Фондот за здравство од идниот месец преку кол центар ќе комуницира со осигурениците кои се хронично болни од кардиолошки, бубрежни заболувања и дијабетес. Ќе ги потсетуваат овие болни за сите потребни прегледи кои треба да ги извршат во текот на годината.
Комуникацијата ќе се одвива телефонски, преку е- пошта и СМС. Компликацијата од овие болести го чинат здравствениот систем огромни средства, но целта не е Фондот да заштеди, туку овие лица со правилно лекување и придржување на советите да имаат квалитетен и нормален живот.
Во земјава има повеќе од 154.500 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања.
