Судската независност уставно загарантирана
Во земјава заштитата на судството од влијанија и притисоци е гарантирана со Устав и закони, но клучна е свеста на судиите и обвинителите, смета првиот човек на Судскиот Совет, Ушковски.

За тоа колку и како се гарантира независноста на судството проговорија најповиканите во професијата. Во земјава заштитата на судството од влијанија и притисоци е гарантирана со Устав и закони но клучна е свеста на судиите и обвинителите, смета првиот човек на Судскиот Совет, Ушковски.
„И најдобрата законска регулатива не може да ја гарантира судската независност, доколку самите судии не се подготвени да пресудуваат единствено врз основа на законот и не се самите подготвени да не прифаќаат послушност, било до внатрешни било од надворешни влијанија“, изјави Бранко Ушковски, претседател на Судскиот совет.
Случајот „Сопот’ ќе биде разгледуван од специјалниот обвинител затоа што беше споменат во прислушуваните разговори, вели министерот за правда. Не се исклучува можноста да ги истражува и кумановскиот случај и „Монструм“. Според Јашари, иако опозицијата не ги објави информациите за „Монструм“ како што најавуваше, сепак вели тој, обвинителот има ингеренции да оцени дали ќе ги процесуира.
„Ако во конкретниот слулчај постоајт такви докази, специјалната јавна обвинителка ќе се смета како надлежна. Тогаш таа екс официо, по служеб пат ќе има потреба да поведе постапка за овие случаи“, вели министерот за правда, Аднан Јашари.
Специјалниот обвинител Катица Јанева привремено е сместена во просториите на Министерството за правда. За пет дена по завршувањето на тендерската постапка, потврди ресорниот министер, Јанева ќе почне со работа во просториите што таа ги побарала како соодветни за непречено постапување.
Фиљана Кока
