Судење: Трикратниот убиец од Кавадарци бил пресметлив

28.09.2015 16:06

На главниот претрес свои изјави дадоа балистичарот, патологот и невропсихијатарот кој работеа во изготвувањето на вештачењето. Во него стои дека Станоев бил пресметлива личност и во трите жртви пукал од позиција лице в лице...

Пред истиот судски совет во основниот суд во Велес продолжи судењето на Тони Станоев, трикратниот убиец од Кавадарци. На главниот претрес свои изјави дадоа балистичарот, патологот и невропсихијатарот кој работеа во изготвувањето на вештачењето.

Во него стои дека Станоев бил пресметлива личност и во трите жртви пукал од позиција лице в лице. За одбраната сепак има дилема околку балистичкото тврдење дека пуштолот не бил склон на самоиспукување.

За семејството случајот е многу јасен, станува збор за ладнокрвно убиство. Очекуваат наредното рочиште да има и пресуда.

На 9-ти ноември минатата година обвинетиот по вребална расправија во семејниот дом на родителите на сопругата ги застрела Илија, Билјана и Снежана. Сопружниците Илија и Билјана почлинале на лице место додека Снежена во кавадаречката болница. Судењето породолжува на 19-ти наредниот месец.

Дијана Иванова