По две години прва средба на Обама - Путин

29.09.2015 10:35

Путин, кој средбата ја оцени како корисна и отворена, по разговорот изјави дека според него постои основа за соработка во заедничките проблеми...

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин по две години за време на годишната седница на Генералното собрание на ОН, одржаа 90-минутна средба на која разговарале за состојбата во Украина и во Сирија.

Меѓудругото се разговарало за тоа како да се избегне судир околу потенцијалната операција во сирија и улогата на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Путин, кој средбата ја оцени како корисна и отворена, по разговорот изјави дека според него постои основа за соработка во заедничките проблеми.

Путин потврди и дека размислува за можна операција во Сирија и дека не е исклучено ништо. Обама, пак порача дека нема стабилност во Сирија додека Асад е на власт.