Органски производи на саемот „Агрофуд“
29.09.2015 10:46
„Агрофуд“ годинава ќе има 70 директни и 160 индиректни изложувачи...

65-от меѓународен саем за широка потрошувачка „Агрофуд“ ќе се одржи од 1-ви до 4-ти октомври. Новитет ќе биде понудата на органски производи исклучиво од македонски производители, што се одгледани според најстрогите законски стандарди.
„Агрофуд“ годинава ќе има 70 директни и 160 индиректни изложувачи, меѓу кои и оние со македонска традиционална зимница.
