Кина: 8.000 нови војници во мировните сили на ОН
29.09.2015 11:30
Најавата доаѓа во време кога Пекинг сака да покаже дека е одговорен меѓународен играч бидејќи се зголемува загриженоста поради јакнењето на кинеската воена моќ ...

Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека Кина ќе даде 8.000 војници во мировните сили на ОН со што ќе стане најголем учесник во мировните мисии, за кои над 50 држави најавија 30.000 нови војници и полицајци.
Најавата доаѓа во време кога Пекинг сака да покаже дека е одговорен меѓународен играч бидејќи се зголемува загриженоста поради јакнењето на кинеската воена моќ и нејзините територијални спорови во Азија и Пацификот.
Засега Кина учествува со 3.000 војници во мировните сили од 106.500 војници, полицајци и советници, а најголем е кинескиот контингент во Јужен Судан.
