Обама најавува поголема контрола врз тајните служби
17.01.2014 14:09
Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе ги објави измените поврзани со начинот на работа на Националната Безбедносна Агенција (НСА). Мерките се однесуваат на собирањето лични податоци и пристап кон телефонските разговори на граѓаните. Новините се состојат во префрлањето на надлежноста на владата врз судот, и со коишто НСА во иднина ќе мора да бара судски налог за следење на овие комуникации. Сепак, според Белата Куќа, Обама сеуште смета дека ваквото разузнавање е „ од извонредна важност“ за навремено спречување на терористичките активности.

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе ги објави измените поврзани со начинот на работа на Националната Безбедносна Агенција (НСА). Мерките се однесуваат на собирањето лични податоци и пристап кон телефонските разговори на граѓаните. Новините се состојат во префрлањето на надлежноста на владата врз судот, и со коишто НСА во иднина ќе мора да бара судски налог за следење на овие комуникации. Сепак, според Белата Куќа, Обама сеуште смета дека ваквото разузнавање е „ од извонредна важност“ за навремено спречување на терористичките активности. Американскиот претседател побара од Ерик Холдер, државниот обвинител, да достави план за префрлање на надлежностите пред 28-ми март. Говорот на Обама се случува неколку месеци по кражбата на околу 1,7 милиони документи од службеникот на НСА, Едвард Сноуден, кој дел, од нив веќе достави, а се очекува откривање на нови тајни информации до медиумите годинава.
