Франција ќе продолжи со нападите врз ИД во Сирија

29.09.2015 11:33

Францускиот претседател Оланд ја потврди претходната вест дека Франција ги почнала првите воздушни напади во Сирија во борбата против тероризмот ...

Францускиот министер за одбрана соопшти дека Франција ќе продолжи со воздушните напади врз позиции на Исламска држава во Сирија, откако земјата бомбардираше камп за обука на џихадисти.

Францускиот претседател Оланд ја потврди претходната вест дека Франција ги почнала првите воздушни напади во Сирија во борбата против тероризмот и додаде дека имало сознанија за планирани терористички напади во почетокот од септември во неколку европски држави, вклучувајќи ја и Франција.