Најмалку две лица загинаа во „супер тајфун“ на Тајван
29.09.2015 11:37
Бурата беснеела во текот на ноќта во северниот дел на Тајван, каде околу половина милион луѓе останале без електрична енергија...

На Тајван најмалку две лица загинаа, а 300 се повредени во „супертајфунот“ Дујуан, кој изутрината го погоди источниот брег на Кина. Бурата беснеела во текот на ноќта во северниот дел на Тајван, каде околу половина милион луѓе останале без електрична енергија.
Силниот ветар корнел стебла, а поројните дождови предизвикале лизгање на земјиштето. Повеќе од 12.000 лица се евакуирани, а речиси 3.000 се уште бараат засолниште.
Минатиот месец од тајфунот Суделор загинаа најмалку осум лица на Тајван и 21 во Кина.
