Водата во Струга исправна за пиење
29.09.2015 13:19
Петте последователни анализи на примероци од струшкиот водовод покажале отсуство на патогени материи...

Водата од градскиот водовод во Струга е исправна за пиење, и забраната за користење ќе биде тргната денеска.
Според директорот на охридскиот Центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов, петте последователни анализи на примероци од струшкиот водовод покажале отсуство на патогени материи.
Резервоарите во селските водоводи, што не се дезинфицираат,и натаму претставуваат опасност за здравјето на луѓето и се забранети за користење.
