Одложен стартот на судењето за случајот „Јустиција“
29.09.2015 13:23
Со кривичната пријава се опфатени четворица судии и девет судски службеници...

Во Кривичниот суд, одложено рочиштето за „Јустиција“. Обвинети се судии од одделот за прекршоци, за намерно чување предмети во фиока до нивното застарување. Причина- болест на неколкумина од обвинетите.
Со кривичната пријава се опфатени четворица судии и девет судски службеници. Со неизвршување на службената должност, му нанеле штета на буџетот од милион и 300 илјади евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3 милиони и 700 илјади денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал.
