Превозниците не пријавиле штети од блокадата на Српско- хрватската граница

29.09.2015 13:42

Од Министерството за економија велат подготвени се за кое било сценарио...

Нема најава ниту пријава од превозниците за претрпени штети од блокадата на Српско- хрватската граница. Од Министерството за економија велат подготвени се за кое било сценарио.

„Хрватска е членка на Европската унија и се надевам дека ЕУ нема да дозволи херметичко затворање на граница. Како држава и како  Министерство активно ги следиме сите чекори и сме подготвени за кое било  сценарио кое би произглегло доколку се затвори таа граница“, изјави министерот за економија, Беким Незири.

Ако Хрватска– членка на ЕУ ја затвори границата, има европски фондови преку кои може да се покријат штетите, вели Незири.