Отворени денови на Катастарот во Скопје

29.09.2015 13:49

Надлежните велат дека отворените денови се покажале како успешни во решавањето на конкретни предмети...

Отворени денови на Катасарот во Скопје, инстутиција која од почетокот на годинава има примено 269 илјади предмети. Од нив, околу 1.600 се уште не се решени. Надлежните велат дека отворените денови се покажале како успешни во решавањето на конкретни предмети. Меѓу нив, е и проектот за бесплатна изработка на елаборати за луѓето со ниски примања, кој ќе трае до крајот на годинава.

Од 293 граѓани кои се обратиле за помош во тек на отворените денови  во Скопскиот катастар од вчера на 13 веднаш им биле решени предметите бидејќи било утврдено дека причината за нивниот проблем се технички грешки, вели директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Тропески.

Трпески апелира граѓаните да ги искористат придобивките од изменетиот Закон за катастар со кои е воведена поедноставна постапка за уредување на сосопственичките односи, како и за бесплатна изработка на геодетски елаборат на социјалните случаи за легализација на дивоградби.

Досега во Скопскиот катастар се доставени 1.100 предмети за бесплатна изработка на геодетски елаборати, а во целата држава 4.100 предмети.