Оглас за четири мерки за вработување со кредитирање

29.09.2015 14:39

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во Куманово посети компанија со речиси 300 вработени, која ги користи активните владини мерки за вработување...

Објавен оглас за четири мерки за вработување со кредитирање. Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во Куманово посети компанија со речиси 300 вработени, која ги користи активните владини мерки за вработување.

„Станува збор за нов јавен повик за четири мерки кои денес АВРМ ќе го објави. Се работи за мерката самовработување со кредитирање за невработени лица и кредитирање за отворање на нови работни места“, изјави министерот Спасов.

„Ние постоиме 8 години и за 8 години сме користеле повеќе видови на мерки, како што кажа и министерот имаме преку стои млади луѓе во нашата компанија кои се сега основни носители на дејноста која ја работиме“, изјави сопственикот на компанијата Босут, Драган Стефановски.

Според податоците, преку активните мерки за вработување, за 7 години се формирани околу 7 илјади приватни компании. 70 проценти од нив работат успешно, додека секоја петта компанија го зголемила бројот на вработените.