Национална стратегија за подобрување на казнениот систем

29.09.2015 15:03

Условите во затворите мора да се подобрат, оценка на евроамбасадорот Аиво Орав. Државата има стратегија за ресоцијализација на осудениците, и како поефикасно да се применат европските стандарди, велат надлежните...

Заштита на правата на затворениците, почитување на нивното достоинство со цел, по враќањето  во заедницата да живеат продуктивен живот ослободен од криминал. Ова е една од целите на Националната стратегија за Казнениот систем. Проектот е финансиран од ЕУ, преку ИПА фондовите.

„Меѓународната конвенција предвидува осуденото лице да не биде подложено на тортура и на други форми на нехуман третман. Се подразбира дека луѓето коие се лишени од слобода се најранливи на потенцијално насилство врз нивното достоинство и права. Токму затоа превенцијата на сите форми лош третман во затворите, и во Европската унија и во светот, се едни од клучните приоритети на Европската Унија“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.

Главниот фокус ставен на унапредувањето на ефикасноста на казнениот систем,почитување на човековите права на лицата, лишени од слобода и малолетниците , нивна ресоцијализација и подобрување на условите во затворите. За успешна имплементација е обезбедена усогласеност на надлежните институции.

„Националната стратегија претставува сеопфатен документ кој е од клучно значење за развојот на системот за извршување на санкции, во кој се опфатени активности кои треба да се реализираат на краток, среден и долг рок“, рече министерот за правда, Аднан Јашари.

За првпат во Македонија се носи ваков документ на национално ниво во областа на Извршувањето на санкциите. Во него се содржани стратегиите за здравствена заштита. Според директорката на Управата за извршување санкции, факт е дека затворите се преполни.

„Од тие причини ние години наназат работиме на провацијата, со цел намалување на затворската популација, но воедно и хуманизација на самата санкција со електронски мониторинг“, вели Лидија Гавриловска, директор на Управата за извршување на санкции.

За реализација на конечната цел - модерен затворски систем. Ќе следат обуки кои ќе овозможат професионално извршување на работата на персоналот и надлежните со што ќе се подобри третманот на притворените и осудените лица. 

 

Наташа Гркова- Петрушевска