Миконос, Санторини и Родос ќе ги изгубат даночните олеснувања
29.09.2015 15:12
Властите на островите предупредуваат дека не бил земен предвид географскиот хендикеп...

Грчките острови Миконос, Санторини и Родос меѓу првите ќе го изгубат правото на даночни олеснувања, како дел од условите на новиот меѓународен пакет помош.
Властите на островите предупредуваат дека не бил земен предвид географскиот хендикеп. Имињата на наредната група оданочени острови ќе бидат објавени во јуни наредната година.
