Интензивно се чисти коритото на Црна Река

29.09.2015 16:16

Интезивно тече акциониот план за санација на оштетените делови на коритото на Црна река. Досега во првобитна состојба вратени се девет од разрушените насипи. Доколку временските услови бидат сојузник, за дестина дена ќе бидат санирани и останатите шест процепи од каде се поплавуваше Пелагонија...

Интензивно се спроведува акциониот план за превентивно чистење и санација на разрушените насипи на коритото на Црна Река по поплавите што зимоска ја зафатија нашата најголема житница. Во акцијата помогната од владата со 500.000 евра и 300 тони нафта од државните резерви, само за десетина дена целосно се ревитализирани осум од вкупно четиринаести разрушени насипи. И покрај тоа што тешката механизација наидува на низ потешкотии а во некои делови и заглавува надлежните се трудат санацијата да се одвива според пропишаните стандарди.

„Санацијата се врши со испитан зејен-глинест материјал кој по набивањето според предвидените стандарди може да одолее на евентуално новите зголемени количини на вода“, вели членот на кординативното тело, Благоја Бежановски.

Најоптимистичките прогнози се дека за уште една недела ќе се санираат и останатите критични места, од кординативното тело темелно се анализира состијбата и на другите околни реки од каде зимоска пробиваше големиот воден талог, за поголема безбедност на земјоделците во пресрет на есенската сеисба одлучено е механизацијата да делува и на делови од Елечка река.

„Има неколку критични места и на овој дел, тука се лоцирани уште два пропусти мора да интервенираме затоа што при голем воден талог водата пробива“, вели првиот човек на кординативното тело и градоначалник на Новаци, Лазар Котевски.

По ова кординативното тело ќе се посвети на чистење на крупната вегетација од коритото на Црна Река. Со оглед дека се работи за должина од окулу 39 километри примарно ќе се интервенира на најобраснатите места, за останатото работа ќе има и во следните години.

 

Стевче Митревски