„Мрежа“: Во три акции запленети 12 килограми марихуана
Осуммина нарко дилери паднаа во рацете на полицијата, откако нивниот бизнис со транспорт и распродажба на дрога е откриен...

Вкупно 12 килограми висококвалитетна марихуана заплени македонската полиција во три одделни акции во Скопје, Тетово и Прилеп. Осуммина нарко дилери паднаа во рацете на полицијата, откако нивниот бизнис со транспорт и распродажба на дрога е откриен.
Најголемиот плен или шест килограми од исушеното зеленкасто растение се запленети во близина на наплатната рампа Тетово - Гостивар.
Во вториот случај инволвирани се петмина Скопјани. Едниот од нив, иако бил во затвор, одвнатре диригирал со операцијата. Дилерите на слобода, дрогата ја купиле од Косово и ја сокриле во Арачиново, во куќата на еден од нив. Три килограми марихуана исцепкале на повеќе од 100 пакетчиња со намера да ја препродадат на малопродажниот пазар. Уапсени се тројца, а по двајца се уште се трага.
Третиот случај ја одвел истрагата во прилепско, каде во рамки на оперативната акција Мрежа е уапсен еден накрко дилер кој сокрил 3 килограми марихуана во предниот дел од хаубата на возилото ауди А6. Судија на претходна постапка му одреди притвор во траење од 30 дена. Сите три акции се реализирани последнава недела.
Анита Димитријевска
